Министерот Ивановски ке ја посети националната точка за размена на интернет
Објавено: 18 март, 2014, во 07:58 часот
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) Сашо Димитријоски денеска ќе ја посетат систем-салата на националната точка за размена на интернет сообраќај MatriX.
По воспоставувањето на националната точка за размена на интернет сообраќај, интернет-провајдерите во земјава не ќе мора да го остваруваат меѓусебното поврзување и размената на сообраќајот во некоја од точките за размена на интернет-сообраќај во Европа (интернет-ексчејнџ) туку тоа ќе може да го прават во Македонија.
Систем-салата, изградена по светски стандарди предвидени за оваа намена, е лоцирана во просториите на зградата на Македонската радио и телевизија, а ќе биде во рамките на МАРнет како независна институција.
