Министерот за здравство ќе се вакцинира со трета доза вакцина против Ковид-19
Објавено: 28 јануари, 2022, во 09:38 часот
Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.
Како што информираат од Министерството за здравство, станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавно здравствена превентивна мерка.
