Москва и состојбата во Украина: Нема да има конфликт на Крим

Објавено: 27 февруари, 2014, во 08:43 часот

Русија стави во борбена готовност делови од армијата. Експертите меѓутоа не веруваат дека е можна војна на украинскиот полуостров Крим. И покрај тоа односите меѓу Москва и Киев остануваат тешки, јави Дојче Веле.

Од Русија доаѓаат контроверзни сигнали. Претседателот Владимир Путин вчера (26.02.2014) изнанадувачки ја стави армијата во борбена готовност во западниот и во централниот дел на земјата. Голем дел од руските трупи треба да бидат во борбена готовност, соопшти министерот Сергеј Шојгу без да наведе причини за ваквата наредба со која се погодени и регионите на границата кон Украина. Многу Украинци стравуваат дека по промената на власта во нивната земја, Русија би можела воено да се вмеша. Москва не го признава легитимитетот на новите властодржци во Киев.

Руски пасоши како знак за аларм

Пред неколку години Путин како „кошмар“ ја означи можна воена конфронтација со Украина. „Ужасно е да се мисли на тоа“. „Такво сценарио е невозможно“, изјави вчера Валентина Матвијенко, претседателка на Советот на федерацијата во Москва. Советот е вториот дом на рускиот парламент во кој се застапени регионите. Во првиот дом, Думата, во меѓувреме жестоко се дискутира за промената на власта во соседната екс-советска република. Десниот популист Владимир Жириновски дури предложи на Украинците да им се даваат руски пасоши.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.