Општина Центар ја доби надлежноста да управува со градежното земјиште
Објавено: 30 јануари, 2014, во 17:02 часот
Општина Центар ја доби надлежноста да управува со градежното земјиште на своја територија откако по третпат, оваа точка се најде на дневен ред пред советниците, јави 24 Вести.
Жестока расправа се разви за продажбата на парцелата кај Народна банка која првично Министерството за транспорт и врски се обиде да го продаде по цена од 71 денар по метар квадратен.
Советниците од СДСМ бараа образложение од колегите на ВМРО-ДПМНЕ зошто дури сега ја гласаат програмата, и обвинија дека по таа цена продажбата била криминална, од колегите пак добија одговор дека Жерновски уште на почетокот не требал да ја поддржи програмата со почетна цена од едно евро според Владината уредба.
За градоначалникот на општина Центар промените во Законот за градење се насочени само кон неговата општина со што како што вели Жерновски владејачката гарнитура сака да ги отстрани сите пречки на патот кон барокниот стил.
Тој прашува до каде ќе оди насилието од страна на Владата, по однос да му се одземе надлежоста преку смената на закони по изјавата дека општина Центар нема да дозволи нова барокна фасада на ГТЦ.
Жерновски смета и дека битката против барокот стана лична со одлуката на владата да се изврши барокизација на фасадата на неговата семејна куќа.
Уште 14 службеници на општина Центар на улица, притисокот се зголемува
Објавено: 15 јануари, 2014, во 09:03 часот
Уште 14 лица од општина Центар останаа без работа. Од Комисијата за жалби по јавни набавки побараа до денеска да ја изберат најповолната агенција преку која ќе им се продолжат договорите, јави Телма.
Се зголемуваат притисоците од власта, вели градоначалникот Андреј Жерновски повикувајќи го Министертсвото за труд и социјална политика да престане со уцени врз агенциите за времени вработувања.
Четиринаесет нови економисти, правници, архитекти, социјални работници и други службеници кои беа времено вработени во општинта Центар, од денеска останаа на улица. Заедно со претходните дваесетина, на кои исто така им истекоа договорите, пред Комисијата за жалби по јавни набавки, побараа до утре да ја изберат најповолната агнеција кој ќе им ги продолжи договорите. Дали партиската книшка на ВМРО – ДПМНЕ е единствениот услов за вработување во администрацијата, прашуваат тие.
– Парадоксално е да се вработуваат 1600 шумари, 400 полицајци и 500 педагози, а да не може да се вработат триесетина службеници преку разни притисоци на централната власт. ВМРО – ДПМНЕ ги прави истите валкани работи како во трите круга на локалните избори. Залудни се и изјавите на министерот Диме Спасов за мерки за нови вработувања, изјави Емил Лазаревски.
Градоначалникот Жерновски вели дека луѓето кои останале без работа придонеле изминатиот период да се намалат долговите на општината кои ги наследиле од претхдно раководство, и кои во урбанизмот обезбедиле двојно повеќе решенија за легализација. Но без нив, според Жерновски, општината нема да може да ги доврши најавените проекти.
– Предметите, на некој начин, се запрени, што се однесува до урбанизмот ние веќе имаме електронски потпис, значи автоматски се блокирани и потписите и потоа ВМРО – ДПМНЕ ќе излезе со прес – конференција дека општината не издава решенија на граѓаните, рече Жерновски.
Според Жерновски доколку комисијата не избере агенција која ќе ги продолжи договорите за времени вработувања ќе мора да преземат по радикални мерки.
– Ние ќе мора да излеземе пред Министерството за труд и социјална политика која ги врши притисоците врз агенциите за времени вработувања, но како што кажав нема да се откажаме и ќе продолжиме со борбата, нагласи градоначалникот.
Досега 34 службеници меѓу кои и раководители на сектори и членови на кабинетот на Жерновски, но и луѓе кои биле времено вработени уште за мандатот на претходниот градоначалник во општина Центар останаа без работа.
Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.
