Николиќ распиша предвремени парламентарни избори во Србија

Објавено: 29 јануари, 2014, во 15:24 часот

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска го распушти Парламентот и распиша предвремени избори, кои треба да се одржат на 16 март. Според него, овие избори треба да обезбедат поголема поддршка за економските и социјалните реформи во земјата.

Претседателот Николиќ смета дека се создадени услови за демократски избори по кои, Србија ќе добие нова Влада, со поголема енергија, волја и поголем ентузијазам.

-Ни претстои голема работа, тешки и болни реформи, кои ќе го подобрат живото на нашите граѓани. Треба да ги исполниме условите што Европската унија ги зададе за сите нови земји, изјави српскиот претседател Николиќ.

Ова ќе бидат десетти парламентарни избори во Србија од воведување на повеќепартискиот систем, од кои седми предвремени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.