Доктор Бобан Вучевски: Има луѓе кои и по прележувањето на ковид-19 со тешки симптоми, не веруваат во болеста

Објавено на 16 декември, 2021 во 13:32

Имаше многу пациенти кои не веруваа во оваа болест. Општо кажано, во нашите краишта имаме многу ниска медицинска култура, не се грижиме толку за нашето здравје за разлика од поразвиените земји. Кај нас медицинската едукација е сведена на минимум и затоа се соочуваме со проблеми, со голем број на срцеви болни, на кардиолошки и пулмолошки болни, а сега посебно имаме ситуација кога дел од луѓето не веруваат дека ковид-19 постои, или се убедени дека е некоја вештачка творба и дека се прават експерименти, вели доктор Бобан Вучевски во интервјуто за „Вистиномер“. Тој од почетокот на пандемијата се грижи за пациентите кои се лекуваат во Ковид центарот при Клиничката болница Тетово. За пожарот во модуларната болница вели: „Тоа беше голем стрес и трагедија за сите нас, мислам дека некои моменти не можат да се заборават“

Пишува: Зоран Димовски

Повеќе од година и половина сте во Ковид центарот при Клиничката болница Тетово. Може ли да ни опишете како го поминавте овој период со пандемијата и силните бранови со ковид заболени кои ги имаше во тетовскиот регион?

Во февруари 2020 година на почетоците од пандемијата, беше организиран државниот карантин на Попова Шапка, тоа всушност беа патници кои пристигнуваа од разни држави и беа сместени во хотелите на Попова Шапка и таму престојуваа 14 дена. Таму требаше сè да се организира, затоа што меѓу патниците имаше лица со хронични болести и мораше да се организираат дежурства од лекар кој ќе биде редовно во центарот, поради евентуални интервенции. Се работеше за 300 патници и тоа беше исто тежок период. Потоа  се засили пандемијата и напливот на пациенти во тетовската болница. Прво ударно место беше инфективното одделение. Со тек на време, бројката се зголемуваше и поради немање капацитет сите пациенти да се сместат на инфективното одделение, се организиравме заеднички да помогнеме и да прифатиме дел од пациентите тука во интерното одделение. Ова одделение го пренаменивме во Ковид центар за да можат тука да се лечат пациенти и да примаат кислородна поддршка. Тоа беше најосновно, затоа што знаеме дека ковид-19 ги напаѓа белите дробови и предизвикува вирусна пневмонија, болест којашто најчесто оди со неможност белите дробови да го снабдат организмот со кислород.

Како одлучивте да бидете дел од Ковид центарот и да учествувате во битката со ковид пандемијата?

Едноставно, сите бевме вклучени во лекувањето, имавме поддршка од Инфективната клиника и од Министерството за здравство во врска со терапијата, протоколите за лекување, затоа што, сепак се работеше за нова болест. Во тоа време, на почетокот имаше и некој страв, бидејќи се работи за инфективна заразна болест од која можеш да се заразиш самиот, сè беше ново, сè беше чудно. Немаше некои официјални препораки за лекување, како што се на пример, препораките во кардиологија, во гастро… Ова е нова заразна болест, лекувавме по некои протоколи, како дел од студии и испитувања кои се покажале успешни.

Дали вие се заразивте за време на оваа пандемија?

Не. Како да има нешто поголемо од нас што нè заштитува кога сакаш да помогнеш, кога си хуман… Нормално ги почитувавме протоколите и мерките. Дојде екипа од епидемиологија, екипа од инфектологија од каде што ни покажа која е зелена, која е жолта, а која е црвена зона и како да се однесуваме во тие зони, како соодветно да се заштитиме од таа болест. Сè тоа беше ново за нас, сите доктори  во Ковид центарот бевме од некој друг оддел, не сме работеле на инфектологија, немавме познавање во таа област и затоа имавме помош од Клиниката за Инфективни болести и од епидемиологија.

Дали се соочувавте со пациенти кои не веруваа во оваа болест, а потоа за жал завршуваат во болничките кревети, тука во Ковид центарот?

Да, имаше многу пациенти кои не веруваа во оваа болест. Но, најпрво би сакал да земе предвид нашето поднебје во врска со медицинската едкација која е на многу ниско ниво. Тоа е проблем не само со оваа болест, туку и со другите болести. Медицинската едукација во нашиот регион е сведена на минимум и затоа се соочуваме со голем број на срцеви болни, на кардиолошки и пулмолошки болни, а сега посебно имаме ситуација каде дел од луѓето не веруваат дека ковид-19 постои, или се убедени дека е некоја вештачка творба и дека се прават експерименти. Сите знаеме дека епидемии постоеле и ќе постојат во историјата на медицината. Се обидуваш да разговараш со пациентите дека болеста е опасна, дека треба да веруваат во ковид и да преземат мерки за да се заштитат, да одат на лекар доколку пројават некакви симпоми…  Дел од нив ќе поверуваат кога ќе видат дека некој нивни близок човек е хоспитализиран, па велат ајде серизно да ја сватиме ситуацијата. Некои завршуваат во болнички кревет, па потоа ќе поверуваат. Но, за жал, има и такви кои и по прележувањето на ковид и со тешки симптоми, не веруваат во болеста.

Ковидот како болест е непредвидлив, знаеме какви силни бранови имаше. Како се справивте и со болнички кадар и со просторен капацитет?

Фактички целата тетовска болница помогна во справувањето со оваа пандемија. Во врска со персоналот, тоа беше решено на повисоко ниво и одлучено кој каде ќе оди, исто и со просториите. Менаџерскиот тим кажа кои простории ќе бидат дел од Ковид центарот. Но, иста така, беше важно и другите оддели да си работаат како што треба, не може цела болница да биде ковид бидејќи има и други патологии. Така што сè беше покриено. Разбирливо, не беше како пред пандемијата кога имаше редовни операции, плански гастроскопи и испитувања, туку прилагодено на новата ситуација…

Во некои периоди болницата беше пренатрупана со ковид пациенти, по стотина болни лежеа во Ковид центарот во Тетово. Како се справивте со ваквата ситуација?

Сите пациенти кои имаа потреба од кислородна подршка беа прифатени, со тоа што во последниот бран, кој беше најтежок, имавме договор со Инфективната клиника во Скопје, па таму ги препраќавме пациентите.

Како се лечеа пациентите, дали има протокол по кој ги лечите болните од ковид-19?

Се консултиравме со повеќе колеги од целиот свет, црпевме од нивните искуства. Но, најголем водич ни беше Инфективната клиника во Скопје. Се водевме по нивните препораки и искуства, нивната пулсна терапија која беше основна за оваа болест, за спречување на таа катастрофа наречена цитоклинска бура. Ние од тоа највеќе се плашевме, потоа терапијата за тромбоза и антибиотска терапија, антивурисна терапија за која дававме два лека. Дозата ја дававме и ја даваме според тежината на самиот пациент и според искуството. Споделувавме и други искуства. Јас имам завршено факултет во Русија, но сличен е начинот на лекување и на ова тло и на истокот.

Сега, месецов, веќе е добиен протоколот за лекување на ковид пациенти. Имаме голема подршка од Инфективната клиника и од доктор Илир Демири, во врска со лекувањето на пациенти. Нема некоја разлика помеѓу овој протокол и начинот на кој досега сме ги лекувале пациентите со ковид-19. И овој протокол е направен врз основа на тоа наше поранешно искуство.

Дали згрешивме некаде како здравство – институција што имавме толку многу заразени и за жал жртви, или можеби некаде погрешивме како народ – менталитет?

Јас овие прашања би ги свел на медицинската култура кај самиот народ. Општо кажано, во нашите краишта имаме многу ниска медицинска култура,  не се грижиме толку за нашето здравје, за разлика од поразвиените земји.

На Тетово му се случи голема катастрофа, изгоре модуларната болница заедно со 14 пациенти. Колкава улога одигра таа модуларна болница во лечењето на пациентите и како сега, откако изгоре овој објект, е менаџирањето во однос на хоспитализации?

Во принцип има капацитет. Кога се случи катастрофата пациентите веднаш  беа згрижени во просториите на интерна медицина. Сега моментално нема многу хоспитализирани ковид пациенти, лежат само на инфективно. Но, ако се зголеми бројот на случаи за хоспитализации, ќе се отворат и други одделениија како дел од ковид центарот. Првата линија е секогаш инфективното одделение, а ние како Ковид центар помагавме со хоспитализации. Значи, ние како Ковид центар имавме оддел за помош на инфективно, затоа што таму немаше просторни услови за да се згрижат сите пациенти.

Како медицинскиот персонал го прежиева пожарот?

Тоа беше голем стрес и трагедија за сите нас, мислам дека некои моменти не можат да се заборават.

Каква е сега состојбата со ковид-19 во Тетово и ваша прогноза како ќе се одвива оваа зараза. Дали ќе ни бидат потребни нови просторни услови за хоспитализација на нови пациенти, или пак, можеби вашите очекувања се дека пандемијата ќе стивне?

Моментално ковид пациенти има само на инфективното одделение. Има амбулантски прегледи, но состојбата е стабилна. Точна прогноза не може никој да даде, но според мене, ако се продолжи со интензитетот на вакцинација, ситуацијата ќе се стабилизира.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата МетаморфозисТој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
xổ số mega ngày mùng 9 tháng 7
trang cá cược bóng đá uy tín nhất hiện nay
khuyến mãi 8xbet
những ngã rẽ cuộc đời thuyết minh
lich thi dau mi
kết quả xổ số vietlott mega ngày hôm nay
kết quả bóng đá russia 2nd division
kết quả bóng đá giao hữu u23 trung quốc
xem trực tuyến vtv3
đền thờ vua thủy tề
socolive tv trực tiếp bóng đá
lịch thi đấu giải hạng nhất quốc gia nam 2024
bóng đá soi kèo nhà cái
động cơ xăng có tỷ số nén từ
quy định tỷ lệ thương tật
lich thi dau bong da.hom.nay
trực tiếp đá banh giải euro 2014
live champions league gratis
xổ số miền nam ngày 19 tháng 04
xổ số đồng nai 15 tháng 10
ku casino app
nagavip39club - cổng game quốc tế android
xổ số mega ngày 24 tháng 04 năm 2024
tiền thưởng bóng đá nữ việt nam
8xbet
xổ số vĩnh long sông bé thứ sáu
kết quả xổ số đồng nai 7/2/2024
xổ số ngày 17 tháng 3 đài sóc trăng
cá cược bóng đá euro 2024
kết quả xổ số miền bắc của ngày
vì sao ở nước nga năm 1917 lại có hai cuộc cách mạng
gamepoker
ghi âm cuộc gọi trên huawei nova 3i
xo so thong ke
slovakia – ukraine kèo nhà cái
copa america đài nào
du đoán xsmb
dự đoán xổ số minh ngọc bến tre hôm nay
trang cá cược online tốt nhất full
only 13 teams in the first world cup
cách rút tiền từ fb88
kết quả bóng đá đội fulham
kết quả xổ số thành phố ngày 15 tháng 2
Lịch thi đấu tiger cup 2020
kết quả xổ số ngày mùng 6 tháng 11
lời cuối cho cuộc tình đan nguyên
trực tiếp euro world cup
đội hình man city gặp tottenham
vòng loại thứ 3 world cup 2022 thể thức
kết quả bóng đá 7cm
dự đoán kết quả xổ số hôm nay
xổ số 666
cách cài ghi âm cuộc gọi cho iphone 6
app đánh bài đổi thưởng uy tín
8xbet
atletico man utd
kết quả lịch thi đấu vòng loại world cup 2024
8xbet Trang Chủ Chính Thức
8xbet apk
8xbet baccarat
8xbet có uy tín không
8xbet fun
8xbet games
8xbet games
8xbet guru
8xbet keo
8xbet kiến thiết
8xbet login poker
8xbet ltd
8xbet man city deal
8xbet may
8xbet media
8xbet slot auto
8xbet slot game
8xbet tv
8xbet tài khoản
8xbet tài trợ man city
8xbet Đăng nhập
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
8xbet.top
app 8xbet
baccarat 8xbet
baccarat trực tuyến 8xbet
casinos with baccarat 8xbet
chơi baccarat 8xbet
doanh thu cược 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
khuyến mãi 8xbet
link dang nhap 8xbet
nhà cái 8xbet 8xbet.li
nạp tiền 8xbet
nạp tiền 8xbet
sexy baccarat 8xbet
sòng bạc casino 8xbet
the thao 8xbet
trang web chính thức 8Xbet
tải app 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh bạc trên mạng 8xbet
app cá cược bóng đá 8xbet
8xbet slot demo
ku casino 8xbet
8xbet xóc đĩa
nhà cái 8xbet
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
sòng bạc trực tuyến 8xbet
8xbet media
online baccarat 8xbet
app đánh bạc online 8xbet
8xbet tải app
8xbet soi kèo
8xbet yachts
8xbet ltd
bet soccer 8xbet
8xbet poker
baccarat đổi thưởng 8xbet
thể thao 8Xbet
8xbet
baccarat casino online 8xbet
8xbet
game bài 8xbet
Trang web cá cược 8xbet
nổ hũ 8xbet
cược xâu 8xbet