Асфалтирањето на стариот пат до Градско завршува оваа сабота

Објавено на 20 септември, 2023 во 09:34

Се асфалтира стариот пат од Велес до Градско. Тоа е причина поради којашто и денеска патот не може да се користи за сообраќај. Од Авто мото сојуз на Македонија преку соопштение информираа дека поради нанесување на асфалтниот слој на овој патен правец во државата нема да може да сообраќаат возила оваа недела.

„Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), на ден 18.09 до 23.09.2023год, ќе биде затворена за сообраќај Делницата Велес – Градско во периодот од 08:00 – 18:00 часот,“ соопшти АМСМ.

Сообраќајот од и до Градско сега се одвива по автопатот со влез во населеното место од јужната страна. Така ќе биде до сабота 23 септември кога се очекува да завршат работите на поправката и асфалтирањето на споредниот пат на автопатот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.