Брат физички ја нападнал својата сестра во неготинско село
Објавено на 22 декември, 2021 во 12:52
Жена на триесет и две годишна возраст од неготинско село пријавила дека во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот помал брат, триесет годишниот В.К. Случајот го пријавила во Полициска станица Неготино, вчера, 21 декември.
Од Сектор за внатрешни работи Велес ифнормираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева