Бројот на лежечки болни во велешката болница секојдневно се намалува
Објавено на 28 мај, 2021 во 14:05
Вкупно се лекуваат 14 ковид пациенти. Од нив шест се потврдени позитивни, двајца сомнителни и шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се четворица пациенти, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
На Инфективно одделение и на Интерно одделение се лекуваат по седум ковид пациенти.
Стефани Манева