Аронијата го преплави Азот
Зрнестото растение аонија стана хит меѓу земјоделците од Азот. Бојанчо Нанев во Мартолци веќе трета година работи земја на која засадил дрвца аронија.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=EaKTSIQrORs&feature=plcp|500|281|0{/youtube}Садниците ги земал од Пехчево се распрашал за начинот на одгледување и со фамилијата започнале да ја работат земјата..
“Се подготвувавме и нивата ја средивме, направивме дупки и ископавме и почнавме да садиме аронија како што ни беше идејата. Прва во селото, а можеби и во околината“, вели Бојанчо Нанев, земјоделец.
Плодот го бере на есен и го продава од дома. Добар пласман има вели Нанев, иако се продава по 200 денари за килограм. На велешкиот пазар пак сликата е поинаква. Гоце Грујов е единствениот што нуди аронија на својата тезга. Раскажува дека ја прекупува од богомилско и продава по 250 денари, но слабо оди вели тој.
“Тешко оди и според мене мислам дека е поради тоа што малку луѓе знаат за аронијата па дури прашуваат и за што плод се работи. Јас веќе две години продавам и ја земаат само оние што веќе знаат за неа“ вели Гоце Грујов, продавач.
Аронијата од неодамна започна да се одгледува и во нашата земја, а потекнува од Америка. Светската здравстевена организација ја прогласи за супер храна поради лековитото дејство. Нутриционистите ја препорачуваат како лек за срцеви заболувања, панкреас и тироидна жлезда бидејќи во себе содржи многу витамини и микроорганизми.
“Таа во себе има страшни антиоксиданти кои се борат за нејзиниот опстанок, но исто така плодот што го дава внесувајќи го во организмот овие антиоксиданти се пренесуваат и кај нас. На овој начин нашата отпорност, нашиот имунитет оди на многу високо ниво“ вели Цвета Динева, нутриционистка од „ЦД Диет Клуб“.
Но, аронијата освен што е лек може да биде и исплатлив бизнис за целата фамилија, вели Нанев.
“Може да се живее, многу работа не бара, а има добар приход. Ние фамилијарно го работаме“– вели Нанев.
Тој веќе планира да го прошири производството и да најде сигурен пласман за својот производ.
