Да се искористи водата по Јакупица порачуваат спелеолози
Јакупица крие вода во себе доволна за да ги снабдува околните градови.
Ова сознание до кое дојдоа домашни и странски спелеолози државата засега сеуште го игнорира, велат од македонскиот спелеолошки клуб „Пеони“. нивни екипи заедно со руски спелеолози летото ја истражуваа утробата на планината. Дојдоа до фрапантни сознанија дека водните ресурси под планината се огромни, но мора да се најде главниот басен каде таа е во најголеми количини, велат од „Пеони“.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=Tqerxl6orAg{/youtube}
„Евидентно е дека таму водата ја има бидејќи има многу извори. Има на велешкава страна, има на скопската, на страната на Поречие. Ова се огромни извори што значи дека се работи за огромни резерви на вода. Наше е да ги истражиме и презентираме, а утре ќе треба тие води да се заштитат затоа што проблемот со водата за пиење е се поактуелен“, вели Иван Жежовски, спелеолошки клуб Пеони.
Од просторот под Јакупица беа вчудоневидени и руските спелеолози од универзитетот „Ломоносов“. Велат дека под планината се наоѓа вистинска мрежа од пештери. Тие поминале стотина, но претпоставуваат дека има уште толку неоткриени. Дел од нив се високи по сто, а долги тресте метри, но сепак немаат јасна слика за колкава подземна мрежа на канали полни со вода станува збор. Очекуваат дека во истражувањата догодина ќе наидат на големи препреки.
„Работата е доста сложена бидејќи постојат подземни реки па нашите истражувачи мораат да нуркаат во вода. Но, мора да знаат и техника на искачување и според резултатите ќе мора да се работи на минување на тесни делови за кои ќе мора да употребиме и експлозив. Сепак ко треба да заклучиме сега за сега не ни е јасно од каде доаѓа водата во реката Бабуна“,Роман Чеботарев, спелеолошки клуб Перова – Русија.
„Имаме впечаток дека тука има огромно количество вода кое според нас се собира од површинската влага. Каде таа вода понатаму извира нас не ни е јасно. Но, наша задача е да го најдеме тоа и интересно е бидејќи во други региони каде што сме истражувале, секогаш се знаело од каде доаѓа водата во внатрешноста и тоа е најчесто од топењето на снегот, но и каде најчесто извира што не е случај и тука“, вели Константин Зверов, универзитет Ломоносов – Русија.
Странците заминаа со надеж дека идното лето ќе успеат во намерата да се дојде до изворот на вода под ЈАкупица. Домашните спелеолози од „Пеони“ пак веќе ги сумираат резултатите од истражувањата. се надеваат дека институциите ќе се заинтересираат и ќе најдат начин како да се искористи овој огромен воден потенцијал.