Психијатриско лекување за мајка што си уби шестгодишен син!
Велешкиот суд ја огласи за виновна Џевахира Ајрулова и пресуди дека не е пресметлива.
Психијатриски ќе се лекува мајката од селото Долно Јаболчиште која лани во октомври си го уби шест годишниот син Салко.
Триесет и едногодишната Џевахира Ајрулова не е пресметла, била растроена и во депресија констатираат во вештачењето лекарите од Психијатриската болница во Скопје.
Велешкиот суд ја изрече пресудата на која не се жалеше Јавното обвинителство. Ајрулова задолжително ќе се лекува во болницата Бардовци во Скопје.
Џeвахира убиството на синот Салко го стори на 7 октомври лани. Тој и беше син од претходниот брак.
Со сегашниот сопруг таа има едно заедничко дете а се грижела и за петте негови од претходниот брак.
Според полицијата убиството се случило на периферијата на селото.
Таму жената се упатила бидејќи тргнала да оди кон семејните ниви. Салко тргнал по неа и ја следел.
За тоа дека пукала од пиштолот и го погодила детето Џeвахира на телефон го известила братот на сопругот.
Педесет и три годишниот Л.А веднаш заминал кон посоченото место каде покрај реката ги нашол снаата и застреланото дете.
Тој се обидел да му помогне на Салко со тоа што со автомобил го транспортирал до Чашка а одтаму со возило на итна помош кон градската болница во Велес. Но, детето не издржало туку починало по пат.