Општина Чашка ке донесе стратегија за млади!

Објавено на 9 март, 2013 во 15:45

Со цел да се зголеми учеството на младите во креирањето на јавниот живот, УНДП и општина Чашка, ќе подготват локална стратегија за млади.

Документот беше повод во изминатиот месец и половина на територијата на општината да се одржат средби со млади луѓе кои живеат во поголемите населени места.

Средношколци, невработени и вработени лица од Извор, Мелница, населба Чашка, Горно Јаболчиште, Теово и Богомила разговара за своите потреби, ги кажат своите проблеми и дадоа предлози од чија реалзација очекуваат поквалитетен живот.

Тие разговараа за образование преку доедукација, младинско самовработување, поддршка пред вработување, локална младинска работа,  за младинско информирање како и за спорт и за култура. Овие области како приоритетни ги содржи и Националната стратегија за млади.

Младите луѓе  својата перспектива во општината ја гледаат преку развиено земјоделството, сточарството и рибарството, изградба на спортска инфраструктура, како спортски сали и фитнес центри, отворање на културни објекти, детски градинки и друго.

Овој проект „ Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“ се спроведува во шест општини во Македонија и тоа: Чашка, Штип, Теарце, Битола, Илинден и Куманово./Е.Н.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.