Невработени крадци украле метални предмети од хотелот во Врановци!
Пред полицијата се правдале дека со парите од продажбата на металот ќе си обезбеделе парче леб.
Двајца жители на Чашка, на почетокот на февруари влегле во дворот на хотелот. Занеле дека нема стражар, па го скршиле прозорецот од котларата и влегле во неа. Откорнале се што било метално, врати на котли, поклопци, пумпи, цевки, мотики и тегови. Со пленот излегле од искршениот прозорец и влегле во хотелот исто така преку прозорец кој го скршиле. Пребарале насекаде и од главната сала украле три електрични мотори и три надворешни единици за ладење и бакарни цевки од фрижидерите.
На 13 февруари годинава крадците го продале металот на велешанец за 10 илјади денари. Но, додека тој ги пренесувал украдените предмети во ТМВ Там, возилото било сопрено од сообраќајната полиција и при рутинската контрола се пронајдени украдените предмети. Полицијата на С.Ј. (33) и Р.Ј (38) и двајцата од Чашка, им поднесе кривични пријави за тешка кражба бидејќи на општина Чашка и нанеле штета од 210 илјади денари.
Инаку хотелот во Горно Врановци со образложение дека веќе има најдено странски инвеститори кои се подговтвени да го купат, Чашка го доби како поклон од Општина Велес. Но и после трите распишани огласи не се најде заинтересиран купувач за објектот./Б.Н.