Во Извор, дожд истури и предизвика голем дефект во електричната мрежа

Објавено на 20 јули, 2013 во 16:13

Силно невреме попладнево го зафати Извор и Јасеново. Таму наврнаа над 10 тина литри вода за половина час.

Од електричните празнења изгорел осигурач во трафостаницата, па двете населени места останаа и без електрична енергија, телефони и интернет.

Екипи на ЕВН за кратко време го отстраниле дефектот, по што ситуацијата е стабилизирана. Силниот дожд и ветерот не предизвикале поголеми штети на градинарските производи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.