Избегната тепачка меѓу учесниците во судскиот процес за платено убиство на старец од Ореше!

Објавено на 1 август, 2013 во 16:31

Сведоци на инцидентот за Дума.мк тврдат дека пари се причината за недоразбирањето, од полицијата велат дека работат на расветлување на случајот.

Инцидент во велешкото село Ореше се случил меѓу инволвираните во случајот за убиството на 75 годишниот Лазо Милошевски кој неодамна заврши со ослободителни пресуди за обвинетите. Жителите од селото сведочат за она што се случувало синоќа после 20 часот.

Настанала караница меѓу две групи, која според дел од сведочењата, за малку не прераснала во тепачка. Мештаните пред чии очи се случил инцидентот раскажуваат дека во него учествувале Ѓоре Петревски кој неодамна беше ослободен од обвинение дека го нарачал убиството и заштитениот сведок,  кој првен сведочеше против него, за подоцна да се откаже од заштитата и го откри својот идентитет, Златко Арсовски.

Караницата настанала кога   роднина на Арсовски ги одзел клучевите од возилото во кое бил Петревски за да не избега,  а по ова Златко и Ѓоре  продолжиле да се расправаат  за наводен долг од 5 илјади евра.

Случајот бил пријавен во велешката полиција, но кога дошле инспекторите сите се разбегале. Дел од учесниците биле приведени, но сепак од полицијата велат дека главните учесници нив не биле инволвираните во случајот за платеното убиство туку нивни блиски.

Инаку за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во ореше и други дејствија во овој предмет обвинети се судијата, адвокати, судии, обвинител, посредници и новинарот Томислав Кежаровски кои завршија во притвор после апсењата во акцијата наречена Ликвидација.

Тој започнува на 9 август, а во меѓу време сите оод акцијата остануваат во притвор. Дума.мк веќе објави дека како сведок се  јавува и пратеник од власта, а  обвинението е полно со прислушувани телефонски разговори на обвинетите.

Сепак никој од нивните адвокати не поднел жалба на обвинението што според  познавачите е преседан во судството./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.