На стариот Јавор во Теово му треба помош
Трули стеблото на столетното дрво во центарот на селото. Има гранки кои едвај се држат.
Неколкумина жители во селото направија потпирач на една долга гранка од долниот дел на крошната.
Така пред неколку години успеаја да ја спасат од кршење. Но освен неа сега помош му треба на дрвото во целина, рекоа жители во селото.
Тие бараат надлежните да му помогнат на Јаворот. Но не да го сечат туку да ги заштитат гранките и да се обидат да му помогнат на стеблото.
Нивниот апел содржи повик за што побрза реакција. Жителите сметаат дека треба веднаш да се реагира бидејќи пеколните жештини дополнително предизвикуваат реакција на дрвото.
Така сакаат да му се оддолжат на Јаворот чија широка сенката секое лето ги штити од сонцето. Тие најчесто се собираат и седат под дрвото. /Б.Н
