„Шпанецот“ и го отсече стапалото на старица од Теово
Oсумдесет годишната Е.Д од селото Теово настрада во железничката несреќа што се случи на станицата во селото Теово. Возот во саботата вечер на жената и го отсече стопалото. Старицата паднала во просторот помеѓу стојалиштето и шините додека се симнувала од патничкиот воз кој околу 21.20 часот се сообраќал на релација Скопје – Битола. Машиновозачот не ја забележал и продолжил да го управува возот при што истата се здобила со тешки телесни повреди.
Тешко повредената жена веднаш била донесена во болницата во Велес. Поради сериозноста на повредите таа е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје.
Според информации на жителите во село Теово старицата се враќала дома со возот откако денот го минала во Скопје каде отишла за да ја подигне пензијата на сопругот, пензиониран работник на Македонски железници. Таа живеела во куќата до железничката станица во село Теово.
По наредба на јавен обвинител екипа на СВР Велес направи увид на местото на несреќата. /Д.С
