Заврши фестивалот „5РЕ“ – доделени наградите за најдобрите театарски остварувања

Фестивалот „5РЕ“ и оваа година понуди богата програма со претстави од домашната и регионалната сцена и додели награди за најуспешните театарски остварувања во текот на фестивалот.
Претставата „12“ на Македонскиот Народен Театар ја доби наградата за најдобра претстава, а нејзиниот режисер Синиша Евтимов ја понесе наградата за најдобра режија, додека публиката ја избра претставата „Покојник“ на Црногорското народно позориште за најдобра претстава според публика.
Александар Крстиќ од Народно Позориште Ниш ја доби наградата за најдобра машка главна улога за изведбата во „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, а Зорица Панчиќ беше наградена за најдобра женска главна улога за блескавата интерпретација во „Госпоѓа Министерка“.
Сашо Тасевски од Драмски Театар Скопје ја освои наградата за најдобра споредна машка улога за улогата во „Фамилија Адамс“, додека Марија Новак од Народен Театар Охрид ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за нејзиниот настап во комедијата „Секс, лаги и љубомора“.
Фестивалот „5РЕ“ вчера вечер беше свечено затворен со стенд-ап настапот на Сашко Коцев.
Стефани Манева
