Спелео нуркачка експедиција истражуваше во пештерскиот комплекс под Солунска глава
Спелолози од друштво „Пеони“ со осуммина словачки и двајца чешки спелео нуркачи десеттина дена го истражуваа овој комплекс. Нивното истражување е продолжение од изминатите години бидејки ги предизвикуваат пештерата на изворот на реката Бабуна и големите водени базени, внатре во подземјето на планинскиот масив.
Чуден и предизвикувачки е масивот за кои се говори дека во себе ги крие најголемите количества на пивка вода во Македонија. До нив не се стигнува лесно, бидејќи тие се длабоко во внатрешноста на пештерите на десетици километри под земја.
„Секоја година влегуваме подлабоко во пештерата и тоа е успех, секој нов километар иако имаме безброј препреки и технички потешкотии. Истражувањата продолжуваат понатаму, очекуваме во наредните експедиции да се појави комплицираниот пештерски систем. Има многу варовник и вода, плановите продолжуваат следната година повторно да продолжиме се подлабоко. Ова се првите истражувања направени воопшто по што истиот простор ќе биде соодветно третиран“, рече Иван Жежовски од „Пеони“.
Пештерите под Солунска глава и во претходните две години беа посебно интересни за словачките и чешките спелео нуркачи учесници во експедицијата. Тие имаат намера откритијата и истражувањата да ги документираат и да ги нарават достапни за јавноста.
Сепак тоа ќе се случи штом пештерскиот комплекс целосно се истражи. Ова истражување го финансира општина Чашка /Д.С
