Извидниците го уредија и дворот на Центарот во Голозинци
Извидниците на велешкиот одред „Димитар Влахов“ викендов го преуредија и оплеменија дворот на Центарот во селото Голозинци. Сега тој располага со летна училница што за неформални активности ќе
ја користат и младите од општина Чашка како и со осветлен камперски простор од подвижна електрична инсталација. Извидниците наскоро ќе ја изградат и капијата со посматрачница која преставува битен извиднички елемент на еден современ камперски простор.
Во уредувањето и оплеменувањето на Центарот во Голозинци учествуваа 85 млади луѓе кои живеат во околните населени места на општина Чашка како што се Богомила, Извор, Горно Јаболчиште, Горно Врановци, и Мeлница во рамките на на завршниот настан на иницијативата „Уредување на отворен простор за анимација и логорување на млади “ поддржана од страна на Националниот Младински Совет на Македонија .
Во реализацијата на иницијативата покрај членовте на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, учество земаа и ученици од местата во Општина Чашка кои се предвидени како корисници на просторот.
Спроведувањето на оваа иницијатива е дел од кампањата “Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различни можности за општествени промени иницирани од секој поединец како и поттикнување на идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во која граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно./У.Ј
