Се удави маж во езерото на брана Лисиче

Објавено на 3 август, 2017 во 09:30

Педесет и две годишен маж од село Дреново се удавил вчера во водите на езерото на браната Лисиче во општина Чашка.

Полицијата информира дека околу пладне додека Ѓ.Ј. и Б.И. (52), двајцата од Дреново, ловеле риба на браната Лисиче, виделе дека во езерото има тапа.

Б.И. скокнал во водите да ја извади, по што потонал и не се појавил на површина.

Веднаш биле повикани полициски екипи како и нуркачки тим од Единицата за специјални задачи кои околу 18.15 часот го пронашле телото и го извадиле од езерото./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.