По 38 години се проширува патот и се обновува асвалтот од село Голозинци до брана Лисиче
12.05.2020
Започнаa градежните активности на втората и завршна фаза на проширување и асвалтирање од региналниот патен правец од село Голозинци до раскрсница на селата Горно Врановци и Горно Јаболчиште. Делницата е долга 5.5 км и широка 5 метри. Проширувањето и асвалтирањето на патот го финансира Јавно претпријатие за државни патишта со 50.000.000 денари.
-По минатогодишното асвалтирање на 5.7 км од патот, од населба Чашка до село Голозинци, со оваа завршна фаза на проектот жителите од населените места по течението на река Тополка конечно добиваат комплетно проширена и модерна патна мрежа што последен пат беше асвалтирана во далечната 1982 година. Големите заложби на оваа Влада во изминатиов период за модернизација на патната инфраструктура како ширум нашата држава така и во Општина Чашка во голема мера ќе го олесни животот на граѓаните од овие населени места, рече градоначалникот на Општина Чашка,Горан Стојановски.
Изведувач на градежните активности е ЈП “Македонија пат” кој согласно градежната динамика работата треба да ја заврши во следниве три месеци./У.Ј