Заканувачка порака испишана на ѕидот на тунелот во Чашка: „Ако нема слобода, ќе има смрт!!!“

Објавено на 12 јули, 2020 во 16:23

TunelCaska2

12.07.2020

Сонцето од Вергина во квадрат над кој е испишан текстот „Никогаш Северна“ а под него „Само Македонија“ како и порака со заканувачка содржина: „Ако нема слобода, ќе има смрт !!!“ осамнаа утринава на ѕидот на тунелот во населба Чашка.

Фотографиите на фејсбук профилот ги сподели градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски. Тој напиша и краток текст:

„Лудилото нема граници!
Пред само десетина дена, тунелот на влезот/излезот во населба Чашка беше уреден и бојадисан преку волонтерска акција.
Ова утро граѓаните на населба Чашка го затекнаа повторно уништен и вандализиран , испишан со заканувачки пораки.
Жално и поразително е ова што се случува во 21 век!„

TunelCaska1

Во дневниот билтен на МВР, од 12 јули 2020 година, овој инцидент не е евидентиран./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.