Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

OsnovensudPrilep fin

28.09.2020

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп привело и поднело кривична пријава против 10 лица: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52), сите од Прилеп, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Тие се дел од групата од 25 дрвокрадци кои нападнаа и тепаа петмина полицајци во атарот на село Степанци, Општина Чашка. Полицајците ги открија при нелегална сеча на дрва и се обидоа да ги запленат возилата, дрвата и алатот употребен при сечата.

Според МВР, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп –Велес кога сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, при што едното возило избегало. Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени. Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило. Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле, пишува во соопштението на МВР.

Судот во Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и определи 30 дневен притвор за десетe дрвокрадци на возраст од 21 до 57 години, сите од Прилеп./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново