Сообраќајка на Долги Рид со двајца полесно повредени патници

Објавено на 25 октомври, 2020 во 15:34

Dolgirid fin

25.10.2020

Двајца полесно повредени патници,во две возила, учествувале во сообраќајна незгода утринава на регионалниот пат Велес – Чашка кај исклучувањето кон село Војница. Првиот повреден Т.А роден 1976 година кој се здобил со површинска повреда на главата, врат и лева рака додека вториот повреден е Д.С роден 1981 година со површинска повреда на граден кош и површинска повреда на главата.

Во таква состојба ги затекнала екипата на Итна помош која излегла на лице место и дала прва медицинска помош.

Повредените се пренесени во Ургентни хирушки амбуланти.

Тие се прегледани, снимени на ренген, санирани им се повредите и пуштени на домашно лекување, соопшти дежурниот хирург д-р Влатко Вишинов.
Информацијата ја потврди и портпаролката на Општа болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова.

Двајцата повредени во сообраќајката се жители на Чашка./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.