Зимската служба на Општина Чашка, со две возила, обезбеди проодни патишта до населените места
14.02.2021
Зимската служба на Општина Чашка и ЈПКД Тополка од раните утрински часови ги расчистија од снег локалните патишта во општината. Со две возила обезбедија да бидат проодни локалните патишта до Мелница, Горно Врановци, Нежилово, Папрадиште, Ореше, Бистрица и Дреново.
Екипи работат и на расчистување на локалните патишта кон селата Горно и Долно Јаболчиште, Мокрени ,Војница Владиловци.
-Зимската служба на ЈПКД Тополка во текот на денот и ноќта ќе биде постојано на терен со цел да се обезбеди непречен сообраќај кон населените места. Почитувани граѓани на општина Чашка напоменувам дека е задолжително употребa на зимска опрема за движење на вашите возила. Доколку имате потреба за брзо и итно реагирање за помош , побарајте го задолженото лице од општина Чашка на тел.број :075 331 340, рече градоначалникот Горан Стојановски.
Убавка Јаневска
