Сообраќајна незгода помеѓу две возила во Село Согле, еден од патниците со тешки телесни повреди
12.04.2021
Сообраќајната незгода се случила околу 17:20 часот, вчера, на влез во Село Согле, Општина Чашка, во која повредени се пет лица.
Имено незгодата се случила помеѓу патичко возило „Рено меган“ во велешки регистарски ознаки управувано од Б.Т (26) од село Согле и патничко моторно возило „Опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.П.(38) од Велес.
Од Општа болница Велес, информираа дека околу 19:30 часот, во текот на вчерашниот ден, од страна на Итна медицинска помош на Одделот за хирургија донесени се пет лица повредени во сообраќајна незгода.
При извршените прегледи од страна на лекари хирурзи, константирано е дека од повредените четири лица се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување додека пациентот С.П (79) поради скршеници на четири ребра е задрзан на болничко лекување на Одделот за ортопедија и трауматологија, во Општа болница Велес.
Увид на местото за настанот извршила увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Велес и известен бил Јавен обвинител за подрачјето на Општина Велес.
Стефани Манева
