Откриен крадецот на училишниот лап топ во Чашка
Објавено на 11 февруари, 2014 во 09:43
Полицијата осомничи седумнаесет годишен малолетник од Чашка за извршител на кражбата во основното училиште „Тодор Јанев“. Против него до Основното јавно обвинителство во Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Пријавениот малолетник кражбата ја извршил на 17 јануари, годинава околу полноќ кога со подесен алат ја отворил влезната врата на училиштето , ја скршил вратата од канцеларијата на наставниците и од внатре одзел лап-топ компјутер. После неколку дена, лап-топот го продал на лице од Велес за сума од 500денари.
Полицијата го пронашла и со потврда за вратени предмети, лап-топот го вратила на училиштето./Б.Н
