Се одржа планинарскиот марш „Февруарски поход“ 2014
Над триесет планинари од Скопје, Прилеп и Велес, војници од воената полиција на АРМ, полициски службеници, ученици сместени во интернатот ОУД „Лазар Лазаревски“ и жители од селата во Азот, викендов, пешачеа по патеката која е позната како историска врвица на славниот Февруарски поход од НОВ.
По поминати 40 километри од селото Богомила, преку местото наречено „Стојкова ливада“ се до планинарскиод дом во селото Мокрени, селото Габровник и планинарскиод дом „Браќа Јаневи“ во Ораов дол.
Станува збор за трета по ред манифестација организирана од СПД „Зелен Рај“ од Велес. Сите учесници во походот без проблеми ја испешачиле маршутата и наишле на срдечен пречек од братското планинарско друштво „Металург“, рече претседателот Зоран Игновски.
– Во неделата, вчера, дел од планинарите беа до гробот на незнајниот јунак кој се наоѓа во близина на селото и на кој беше положено свежо цвеќе и беше одржан пригоден говор. Манифестацијата заврши вчера напладне а ја одбележија дружењето на учесниците, палењето на логорскиот оган и поддршаката на локалното население. Како традиционален маршот ја има и поддршката на Општина Велес и Општина Чашка, рече Игновски.
Годинава маршот бележи јубилеј поточно 70 години од одржувањето на историскиот февруарски поход во далечната 1944 година. / Б.Н
XX
