Четири општини од Вардарски регион добија нови против пожарни возила (видео)
Објавено на 23 декември, 2022 во 15:35
Возниот парк на против пожарните единици на Кавадарци, Неготино, Велес и Свети Николе од денеска се побројни за по едно ново против пожарно возило од марката „Форд“.
Противпожарните возила ги обезбеди министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој по претходно изработен проект од Вардарски плански регион.
Вредната донација на општините во Вардарскиот регион денеска беше предадена во Кавадарци. За четирите возила државата издвои 24 милиони денари, а општините осум милиони денари.
Ангел Данов