Четворица мажи краделе од машинска работилница во поранешна фабрика во Велес

Објавено на 2 јули, 2024 во 12:08

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 19:20 часот ги лишеле од слобода 32 годишниот Ш.Н, 47 Б.Д и 21 годишниот А.Р сите од Штип и 35 годишниот Е.К од Тетово. Тие биле затекнати како вршат кривично дело „тешка кражба“ од машинска работилница во поранешна фабрика во Велес.

-Четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.