ЦЈЗ Велес: Дозволено е капење и рекреација на прва плажа и кај Романтик на езеро „Младост“
Центар за јавно здравје Велес, по извршен санитарно хигиенски увид, од 16 до 22 август годинава, во три наврати земал примероци на вода од мерните места „Градска плажа 1“ и плажа „Романтик“ на езеро „Младост“. Мострте од трите денови се испитувани во лабораторијата на центарот во Велес, додека земената на 17 август и во лабораторијата на Институт за јавно здравје Скопје.
Според известувањето на лекарите од Одделение по хигиена и здравствена екологија на велешкиот Центар, кое ги содржи резултатите од анализите на мострите вода на 16, 17 и 22 август 2023 година, во езеро „Младост“, на овие две плажи, водата може да се користи за капење и за рекреација. Ваков резултат дава и испитаната мостра вода во лабораторијата на Институт за јавно здравје.
Центар за јавно здравје Велес до медиумите го испрати известување за квалитетот на водите на езеро „Младост“ којшто ги содржи овие последни резултати.
Убавка Јаневска