Црвен крст Велес одржа дисеминациска сесија во ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Дваесет и девет ученици од основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ денеска добиле одговори на прашања поврзани со Општинската организација на РСМ – Црвен крст Велес. Учениците од шесто одделение биле дел од дисеминациска сесија којашто била предавана од страна дисеминаторките Лина Ковачева и Ана Трајковска Пушкаш, долгогодишни волонтерки на ООЦК Велес.

-Кога е формирана организацијата, кои се принципите по кои работи и што значи црвениот крст?, сите овие прашања преку игра и презентација им беа пренесени на учениците, пишува во соопштението на Општинска организација на РСМ – Црвен крст Велес.

Претходната недела, исто така, била одржана дисеминациска сесија во просториите на велешки Црвен крст на којашто учествувале новите волонтери на организацијата.
Стефани Манева
