Црвен Крст Велес спроведе обука по Прва помош за вработените во училиштата во Чашка и Мелница
Повеќе од триесетина вработени од централното основно училиште „Тодор Јанев“ од Чашка и од Подрачното во Мелница, присуствуваа на обука по Прва помош којашто ја реализираше Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес заедно со д-р Владо Хаџи Наумов, волонтер во четири децениско искуство на ова поле.
Како да се постапи во ситуација кога имаме безсознание кај одредено лице? Кои се најефикасни начини на третирање рана, скршеница, повреда? Што да се прави при крварење, епилептичен напад, каснување од змија? На овие прашања добија одговор наставниците и останатите вработени.
Обуката е дел од циклусот за освежување на знаењето на наставниот кадар во сите училишта во Општините Велес, Чашка и Градско. Црвен крст – Општинска организација Велес продолжува да се промовира како лидер во давањето на прва помош во државата.
Стефани Манева