Д-р Николовска Неделкова: Нема простор за паника по детектираниот прв случај на велешанец заболен од индискиот сој
Кај сопругата на велешанецот заразен со делта сојот на коронавирусот нема симптоми на пренесено заразно заболување. Ова за Дума.мк во изјава го потврди директорката на ЈЗУ Центар за јавно здравје, Д-р Весна Николовска Неделкова.
-Нема место за паника и страв. Единствениот контакт што 43 годишниот велешанец го имал по враќањето од Англија бил со неговата сопруга. Кај жената нема симптоми на пренесена болест. Со оглед на тоа што станува збор за временски период од девет дена од неговата хоспитализација во болница тоа значи дека граѓаните не треба да стравуваат за својата безбедност, додаде Д-р Никовска Неделкова.
Инаку вчера министерот за здравство Венко Филипче, го објави овој случај како четврти потврден пациент со делта сој во државата. Како министерот така и потпаролката на ЈЗУ „Општа Болница“ Велес, Д-р Елеонора Јованова, пренесе дека пациентот се лекува на Инфективно одделение во велешка болница и е со лесна клиничка слика. Тој е на 43 годишна возраст и пред недели се вратил од Англија.
Стефани Манева