Тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Демир Капија

Објавено на 24 јуни, 2016 во 14:07

Тројца полесно се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 20 часот на магистралниот пат А1 кај село Градец, на делницата од Демир Капија до Удово.

Во несреќата учествувале четири автомобили. Едниот автомобил марка „Спарк“ со велешки регистарски ознаки го управувал триесет и девет годишниот Т.Т. од Неготино, вториот марка „Фиат Дукато“ со скопски регистарски таблички го управувал дваесет и деветгодишниот Т.Д. од Гевгелија, третиот автомобил марка „Рено Клио“ со велешки таблици го управувал триесет и четири годишниот П.П. од Градско и четвртото возило марка „Ауди А3“ со дипломатски регистрарски ознаки го управувал грчки државјанин со престојувалиште во Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле сопатниците во возилата на кои им била укажана лекарска помош во велешката болница. Откако им биле констатирани полесни телесни повреди биле пуштени на домашно лекување. На местото на несреќата увид извршила екипа од полициската станица Валандово, а сообраќајот на патот бил прекинат два и пол часа./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.