Чудо на природата или богојавление?
Сонце на јајце, ликот на светицата Богородица на погача и многу други чуда, во последно време, се случуваат низ Македонија.
Така ги нарекуваат граѓаните и веруваат во натприродната сила која помага да се појават чудата во нивниот дом, на улица, на нива.
На ново чудо вчера се радуваше семејството Тегови од Демир Капија. Кај нив дома, на јаболко се појавило сонцето од Вергина. Возбудени се од ова случка и велат дека божјата волја и сила стигнала и во нивниот дом. Семејството Тегови се обидува да дојде до појаснување за што точно се работи.
Го видовме и ние јаболкото, кое позитивно го вознемири семејство. На него стои симболот од Вергина. Сега Тегови очекуваат стручната јавност да даде појаснување дали станува збор за дело на природата или божјо чудо.