Виното во Демир Капија, врска помеѓу минатото и сегашноста!
Презентација во галеријата на Музејот за подобра промоција на општината.
Презентацијата има за цел преку пропратни кратки предавања и визуелна промоција да ги запознае туристите и сите посетители на Музејот со убавините на пределот во кој е сместена Демир Капија. Туризмот е стратешка определба на општинта чиј економски развој е базиран на привлекување странски инвестиции. Токму во нив општината го гледа својот просперитет. Од богатото природно и културно-историско наследство во Вардарскиот регион посебно се издвојува Демиркапискиот споменик на природата. Тој претставува значаен ресурс за развој на туризмот. Долгогодишната традиција за производство на вино овде овозможува развој на винскиот туризам.
Презентацијата „ Виното во Демир Капија, врска помеѓу минатото и сегашноста“ е проект подржан од УСАИД и Мировниот корпус на САД.