Минерите кршат карпи во демиркаписката клисура!

Објавено на 12 мај, 2013 во 12:52

Со експлозив и специјални машини се пробиваат шпилите на карпестиот рид низ кој треба да се пробијат двата тунели на новата автопатска делница Демир Капија – Удово. Грчката градежна оператива секој ден по четири пати минира.

Димитрис Каваропулус е заменик менаџер во од грчката компанија „Актор“ која ги изведува градежните работи на изградбата на патот. Тој открива дека грчката градежна оператива интензивно работи и има денови со по седум минирања на карпите во ридот.

„Сега главна работа на која интензивно работиме е пробивањето на првиот тунел како и на подготовките на изградбата на двата моста со кои ќе се премости реката Вардар. Потоа ќе продолжиме со пробивање на патот до село Клисура а оттаму  кон село Миравци. Минирањето се врши со посебна стратегија. Има денови во кои вршиме и по седум минирања,“ рече Каваропулус.

Потоа ќе следува изведба на посложени градежни работи на автопатот. Се пожали на скратените рокови за изведба кои биле строго дефинирани и најави дека градежните работи ќе продолжат со засилено темпо како и со максимална ангажираност на градежната оператива и механизација.

„Засега немаме никакви проблеми се се одвива според планираното. Соработката со државните институции по прашањата кои се појавуваат во текот на работењето е многу добра,“ рече Каваропулос./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.