Во полн ек е бербата на бостан во демиркапијско!

Објавено на 30 јули, 2013 во 11:32

Земјоделците од населените места на општина Демир Капија од секогаш се занимаваат со одгледување на бостан на поголеми површини. За разлика од лани,годинава земјоделците од селата  Прждево, Бистренци и  од Корешница ги зголемија површините со оваа градинарска култура со цел да заработат  пари за исхрана и наплата на давачките.

„Бербата на лубениците и на дињите ја започнавме пред десетина  дена. Дневно се бере по околу еден тон бостан кој сме пренудени со запрежни коли и со тракторски приколки да  го продаваме  по улиците на Демир Капија. Моменталната цена е десет денари за килограм“ објаснуваат бостанџиите.

Тие се задоволни годинава од квалитетот но и од цената по која го продаваат родот.  Бербата и пласманот на оваа градинарска култура ќе трае се до средината на идниот месец.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.