Се расчистува речното корито на Бошавица

Објавено на 12 септември, 2013 во 10:51

Општина Демир Капија се подготвува за претстојната есен, но и за зимскиот период за заштита од поплави. Се започна со чистење на  коритото на реката Бошавица.

Се отстранува вегетацијата во коритото, се расчистува наносот од песок и камења, а се врши и порамнување. Чистењето на речното корито е започнато од вливот на реката Бошавица во реката Вардар узводно во должина од 700 метри.

„Со овој зафат се расчистува речното корито со цел да се спречи страничната и длабинската ерозија на коритото  но и подобар проток на водата при појава на повеќедневни поројни врнежи од дожд и од топењето на снегот“ рекоа од општината.

И оваа активност е дел од акциониот план за чистење на речните корита во земјава за да не се случи излевање на надојдените води од појава на поројни дождови и да дојде до поплава на дел од градот Демир Капија, како што беше случај од пред околу четири децении.

Тогаш беа поплавени голем број стамбени објекти, продавници, улици и други комунални објекти. Причинетата материјална штета била голема./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.