Загина жена во сообраќајка кај Демир Капија

Објавено на 12 јули, 2015 во 11:56

Шеесет и три годишната Миланка К од Белград почина на лице место во сообраќајката што рано утрово,околу 6.30 часот, се случи кај клучката во близина на Демир Капија. Таа најверојатно седела на совозачкото место во автомобилот „Цитроен“ со српски регистерски таблички кој го управувал 40-годишниот белграѓанец М.К. Автомобилот излетал од коловозот.

Во сообраќајката повреден е и возачот М.К, неговата 38-годишна сопруга А.К. како и нивните малолетни деца 9-месечно бебе и три годишно детенце кои се возеле во „Цитроенот“ и патувале на одмор кон Грција.

На сите повредени им била укажана лекарска помош во велешката болница и потоа се пренесени во Ургентниот центар во Скопје./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.