Трагедија: Во сообраќајка загинаа мајка и две деца
Објавено на 1 август, 2015 во 11:56
Голема трагедија утринава околу 7 часот се случила на патот Демир Капија-Гевгелија. Загинаа маја и две деца од Србија во тешка сообраќајна несреќа.
Како што информираа од МВР, патничко моторно возило „Рено меган“ со српски ознаки по претходен удар во заден дел од возилото „фиат добло“ со гевгелиска регистрација излетало од патот и удрило во метален столб.
45 годишната Татјана. П починала веднаш по несреќата, а нејзините две деца, 18 годишниот син Н.П и 10 годишната ќерка биле пренесени во Медицински центар Гевгелија каде им подлегнале на повредите.
Во сообрќајката е повреден и возачот кој е пренесен на лекување во Скопје.
На лице место увид извршиле јавен обвинител и увидна полициска екипа./A.Д
