(Oбновено) Нормализиран сообраќајот по утринското исклизнување на возот од шините кај Демир Капија

Објавено на 19 ноември, 2015 во 09:19

15: 03 – Целосоно е нормализиран железничкиот патнички и товарен сообраќај, информираа од МЖ „Инфраструктура“.

„Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 во делот каде утринава се случи инцидентот на товарниот воз при што исклизна еден вагон е цеосно нормализиран. Прв тргна возот чиј вагон беше исклизнат“ стои во соопштението.

Утрото вагон од товарен воз кој се движел на релација Гевгелија-Скопје на отворена пруга на излезот од тунелот кај Демир Капија се излизгал при што беа оштетени дел од колосеците, сигналите и вагонoт.

 

09: 30 – Кај Демир Капија утрово во 8.20 часот излета товарен воз од шините. Во прекин е железничкиот сообраќај на пругата Скопје  –  Гевгелија.

За тeлевизија Телма од ЈП „Македонски железници“ ја потврдија информацијата и соопштија дека нема повредени и дека е причинета мала материјална штета.

Возот излетал од шините кога вртел кај скретниците. Таму екипа на МЖ сега врши увид кој треба да ги утврди  причините за несреќата./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.