Изгореа еден кат и покрив од куќа во Демир Капија

Објавено на 14 декември, 2016 во 08:48

Повредени лица нема. Пожарот избувнал синоќа околу 19 часот и ги проголта горниот кат и покривот од куќа на улица Маршал Тито во Демир Капија. Според информациите на командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино, Илчо Богевски, огнот бил локализиран синоќа во 22.30 часот.

– Интервениравме веднаш штом ја добивме пријавата за пожар. Сторивме се што можевме, во гаснењето учествувавме со две противпожарни возила и шест пожарникари – соопшти Богевски.

Сопствениците не живееле во куќата. Семејството работело во Италија./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.