ФОТО – Се гради нов мост на реката Бошава во Демир Капија
Во Демир Капија, интензивно се работи на изградбата на новиот мост на река Бошава. Новиот мост е со должина од 125 метри и ширина 10,5 метри и се наоѓа на оддалеченост од 400 метри од стариот мост по течението на реката.
Од општината велат дека со изградбата на овој мост ќе се изврши поврзување на двата дела на градот и тоа обиколниот пат со улица Партизанска, а со тоа ќе се овозможи побезбеден и побрз сообраќај како за лесните така и за тешките товарни возила.
Со изградба на нов мост се отпочна бидејќи стариот мост не ги задоволува потребите за нормално одвивање на сообраќајот.
Изведувач на работите е АКТОР АДТ подружница Скопје. Инвеститор е општина Демир Капија со средства обезбeдени преку Влада на РМ, Министерство за финансии од проект за изградба на автопат М1 делница Демир Капија – Смоквица./А.Д