Тешко повредени маж и жена во сообраќајката кај Демир Капија

Објавено на 5 септември, 2017 во 07:51

Маж и жена се здобиле со тешки телесни повреди кога утринава нивното возило излетало од автопатот Неготино – Гевгелија.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека возилото било со унгарски регистраски таблички, а повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Незгодата се случила кај тунелите кај Демир Капија околу 7 часот.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на автопатот Неготино – Гевгелија е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива со наизменично пуштање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.