Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со дел од пратениците го посети Специјалниот завод Демир Капија, каде што реформите интензивно течат. Првите корисници што ќе излезат од институцијата се децата кои се селат во мал групен дом во Неготино во понеделник.

Овој месец, вкупно седум деца ќе бидат преместени во мали групни домови во кои ќе им бидат обезбедени сите услови и услуги за успешен раст и развој.

- Ова е првиот чекор кон градење похумано општество. Деинституционализацијата е премин од социјална грижа во големи „безлични“ институции кон грижа во заедницата. Со ова овозможуваме развој на социјални услуги по мерка на граѓаните и можност за активно учество на згрижените лица во животот во заедницата. Деинституционализацијата е процес што декларативно се спроведува веќе дваесетина години, но досегашните постигнувања беа скромни. Министерството за труд и социјална политика даде заложба до 2020 да нема ниту едно дете на возаст до 3 години во институциите и продолжува посветено да работи во таа насока, рече министерката Царовска./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново