Заседаваше кризниот штаб на Општина Демир Капија, донесени важни заклучоци и препораки за граѓаните
19.11.2020
Со оглед на секојдневниот раст на позитивни лица на корона вирус во Општина Демир Капија како и на територија на целата држава, кризниот штаб на Општина Демир Капија на состанокот кој се одржа вчера донесе неколку заклучоци. Кризниот штаб ја задолжи општинската администрација, ЈКП Бошава, а упати и апел до граѓаните со цел почитување на превентивните мерки за заштита и спречување на ширење на вирусот.
На состанокот беа донесени следните заклучоци:
– Од страна на општинската администрација ќе биде одредено лице кое во соработка со санитарните инспектори ќе изготвуваат и доставуваат решенија за изолација на позитивни лица или лица кои биле во контакт со заразени од корона вирус;
– По еден службеник од општинската администрација и од МВР ќе вршат дневни проверки на лицата кои имаат добиено решенија за изолација;
– Општина Демир Капија во соработка со ЈКП Бошава ќе врши дезинфекција на сите улици и јавни површини низ Демир Капија и околните населени места.
Исто така се препорачува да се почитуваат сите мерки за заштита препорачани од Министерството за здравство како задолжително носење заштитна маска, држење растојание и забрането групирање на повеќе од четири лица.
Кризниот штаб упати апел до сите граѓани кои имаат некои од симптомите на корона вирусот (покачена телесна температура, главоболка, сува кашлица, отежнато дишење) веднаш да се јават кај своите матични лекари и да се воздржат од излегување надвор и контактирање со други лица.
Во прилог се истакнати телефонските броеви на лицата од Кризниот штаб кои граѓаните може да ги контактираат доколку имаат некое прашање или потреба:
-Живко Шипинковски-075/647-677 и 072/269-905;
-Спасе Симонов-072/269-977;
-Даниела Трајкова-072/269-772.
Мите Јаначков